На аџилак во Саудиска Арабија се очекуваат околу два милиони верници

Властите во Саудиска Арабија објавија крај на подготовките за аџилак што оваа година почнува на 9 август и завршува на 14 август.

Се очекува таа држава да ја посетат околу два милиона верници. Ријад распоредил во реонот на светиот град Мека над 30.000 медицински работници од кои околу 8.000 се жени.

Секој муслиман е задолжен да изврши аџилак барем еднаш во животот.

Извикувајќи „Алах акбар” (Бог е најголем) верниците се придвижуваат во групи под силно полициско обезбедување, и фрлаат камења кон голема плоча, која го симболизира Сатаната, во долината Мина, блиску до Мека (Западна Саудиска Арабија).

Според традицијата, во долината Мина на првиот ден на Ајд ал-Адха (Курбан бајрам) се фрлаат, еден по еден, седум камења по 30-метарската плоча која го симболизира Сатаната, а во следните два дена, 21 камен по три плочи – голема, средна и мала, по седум на секоја .

По каменувањето, треба да се жртвува животно во спомен на жртвата на Авраам, кој според муслиманската традиција бил подготвен да го убие својот син Исмаил, по барање на Бога, но на крајот жртвувале јагне. За аџилакот оваа година ќе бидат заклани над еден милион јагниња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот