МЗТ Скопје успешно ја помина првата пречка на патот кон АБА лигата

„Металците“ на две скалила од АБА лигата/ фото: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа од 73:68 над Сутјеска го започнаа настапот на завршниот турнир од АБА2 лигагата што се игра во СЦ „Јане Сандански“. „Металците“ со триумфот над Сутјеска кој беше одбележан со падови во играта, обезбедија пласман во полуфиналето каде ќе играат со подобриот дуелот помеѓу Широки и Спарс.

Натпреварот одлично го започна Војдан Стојановски постигнувајќи ги првите пет поени, но Сутјеска одговори преку Спасојевиќ кој исто така даде пет поени. Потоа црногорскиот тим направи серија од 2:6 по која стратегот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ беше приморан да побара тајм-аут.

Тој потег вроди со плод, „металците“ ја консолидираа играта и по десерт минути игра имаа предност од 22:19. Во втората четвртина, аеродромци заиграа подобро во одбраната и тоа донесе предност од 32:24 во 16 минута. Но, во финишот од втората четвртина, наместо двоцифрена предност, МЗТ на одмор замина до пет поени разлика (40:35) откако Захирагиќ постигна тројка.

На стартот од второто полвреме, проработе шутот за три поени, Крстевски и Дамјан Стојановски погодија две тројки за 46:39, а по тројката на Дејвис, МЗТ Скопје во 26 минута поведе со 51:40. Потоа Мекиќ во контра погоди за 53:40, но иако го имаа моментумот, „металците“ запреа, грешеа во нападот и на противникот му дозволија за неполни три минути да направи серија 0:10 и одлучувачката четвртина да ја започне со минус три (53:50).

Сутјеска преку поените на Вујовиќ намали на 53:52. Тие поени како да ги разбудија „металците“ кои со тројките на Војдан Стојановски и Николов отидоа на плус осум (64:56) и до крајот на натпреварот рутински да ја чуваат предноста и да забележат триумф од 73:68 кој значи пласман во полуфиналето на завршниот турнир.

Кристијан Николов со 17 поени и 6 асистенции беше најдобар кај МЗТ Скопје, а се истакнаа и Војдан Стојановски со 15 поени и Хуан Дејвис со 11 поени. Спасојевиќ и Томашевиќ со по 13 постигнати поени беа најзабележителни кај Сутјеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот