9 C
Скопје

МЗШВ: Новиот закон ќе биде од корист за тутунопроизводителите

Тутунопроизводителите наскоро добиваат олеснителни околности при откупот и производството на тутун. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го потпиша новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Со донесување на Законот за тутун, тутунски производи и сродни производи ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун, ќе се укине издавањето на евидентниот лист, договорот на производството и откуп на тутун ќе се склучува со откупувачот на тутун кој директно го внесува во електонскиот систем за водење на евиденција на тутун-ИСЕТ; ќе се врши усогласување на роковите за пријавување и договарање на производството на тутун, јавната објава на договорот, обезбедувањето на семенскиот материјал, откупот на тутунот со агротехнолошките рокови прифатени од сите чинители кои учествуваат во процесот на производство, откуп и следење на тутунското производство во тековната реколта.

Прочитајте и...  ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака

МЗШВ преку новиот Закон за тутун, тутунски производи и сродни производи ги задолжува откупувачите да отворат откупни пунктови во населени места со договорено производство  над 100 тони тутун. Оттука откупот на тутун ќе се врши според мерила и методи за квалитативна и квантитативна процена на тутунот кои ги пропишува министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се поедностави процедурата за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун. Со донесувањето на овој закон проценителите на тутун и претставниците на тутунопроизводителите и откупувачите ќе треба да посетуваат обука согласно постоечките и новите законски одредби, ќе се воспостави контрола на тутунот, обработениот тутун, производите од тутун, сродните производи и адитивите, ќе се воведува, уредува и регулира производството, прометот и контролата на електронските цигари и контењерите за повеќекратно полнење, несогорливиот тутун и сродните производи и растителните (билни) производи за пушење. Законот исто така предвидува и усогласува на изгледот и пакувањето на производите од тутун наменети за пушење (20 цигари) според Европските регулативи.

Прочитајте и...  Црните Американци како мене очекуваат Џо Бајден да испорача

Со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи МЗШВ очекува значително да се намалат административните процедури за тутунарите со тоа што тие ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

Инаку, годинава откупени се над 25,2 милиони киограми тутун од минатата реколта по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

Поврзани вести

Колхицинот се вклучува во протоколот за третман на ковид-19 во Грција

Слободен печат

Италија ќе преземе правни мерки против Фајзер и АстраЗенека поради доцнење во испораката на вакцини

Слободен печат

Белгија ќе добие 650.000 дози вакцини од АстраЗенека, наместо договорените 1,5 милиони

Слободен печат

Британскиот вид на коронавирусот откриен и во Словенија, заразен маж од Косово

Слободен печат

Франција веројатно ќе мора да влезе во трет карантин

Слободен печат

Египет денеска почна со вакцинација против коронавирус со кинеската вакцина на Синофарм

Слободен печат

Остави Коментар