МЗ: Болницата во Тетово има голем наплив на пациенти, утре ќе се одлучува за дополнителни локални мерки

Тетовска болница. / Фото: МИА

Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети.

Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.

Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот