МВР: За време на предизборниот молк регистрирани осум настани од кои шест во Скопје

За време на предизборниот молк, до 07 часот однсоно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес, соопшти МВР.

-На подрачјето на СВР Скопје, во с.Виниче и с.Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети. Во село Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош“(каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите. Исто така, во близина на пензионерски дом „Автокоманда“(каде што има две гласачки места) биле испишани графити во врска со изборите. Биле известени избирачките  одбори и во тек е отстранувањето на графитите- стои во соопштението од МВР.

Во 06.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“, во близина на гласачко место биле забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор.

-Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија. Додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр.2135 имало испишани графити во врска со изборите. Бил извршен увид- наведува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот