МВР: Полицајката користи годишен одмор, нема ниту претставка за мобинг на работно место

Службеничката во МВР и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос, велат од Министерството за внтрешни работи по Фејсбук објавата на полицијакта која на јавноста и е позната по инцидентот со пајак службата, поконкретно со недоразбирањето со функционерот на ДУИ, Бекир Асани, одлучи да се повлече од позицијата.

„Во врска со објавата на Ј. А. на социјалните мрежи, ве известуваме дека истата во моментот користи годишен одмор и до одделот за правни работи на бјб досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос. Во одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј. А. Досега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место, соопшти МВР.

Таа вели дека отказот следи поради „серијата навреди“ кои и биле нанесени без при тоа да го спомне инцидентот во кој се удри во пајак возилото.

-Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши. Јас повеќе не се пронаоѓав таму. Ми нанесоа неправди, зошто така се чуствуваа дека треба, старешини во МВР (очигледно на некого не сум му се насмеала), а не зошто јас придонесов со моето работење- напиша Јасмина Ангелеска на својот ФБ профил.

Полицајката која стана позната по инцидетот со функционерот на ДУИ си даде оставка: Ми нанесоа неправди во МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот