Музиката на „Софиските солисти“ ги  допре срцата на публиката на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ донесе концерт на Камерниот оркестар Софиски солисти  од Бугарија кој настапи под диригентската палка на маестро Георги Патриков.

Солист на вечерта беше познатиот македонски флејтист Страшо Темков кој вели дека првпат настапува со овој реномиран камерен состав.

Публиката уживаше во Античката свита на композиторот Џон Рутер, во моцартовото Диовертименто за гудачи, во Едноставната симфонија на Бенџамин Бритн, во Серенадата од Антонин Дрворжак, а извонредните музичари ја доловија и композицијата Македонско капричо од Драган Шуплевски.

Камерниот оркестар „Софиски солисти“ е основан во 1962 година од страна на група млади музичари, тогашни членови на Софиската опера.

Првиот концерт се одржал во март 1962 година под диригентската палка на Михаил Ангелов и веднаш ги освоил симпатиите на софиската публика.

Ансамблот остварил бројни турнеи во земјите од Европа, но и 10 турнеи во САД, 13 во Јапонија, 7 во Кореја, но и настапи во Кина, Австралија и Јужна Америка. Настапувале во престижни концертни сали како: „Карнеги хол“ во Њујорк, „Ројал Алберт хол“ и „Барбикан“ во Лондон, „Гевандхаус“во Лајпциг, салата „Гаво“ во Париз, „Концертгебау“ во Амстердам, операта во Сиднеј, „Сантори хол“ во Токио и „Симфони хол“ во Осака.

Прочитај повеќе

За шест години проживеа како за шест животи: Неверојатниот подем и пад на Жан Мишел Баскија (ФОТО/ВИДЕО)

В.Т.

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс” денеска на програмата на „Охридско лето”

МИА Агенција

На „Охридско лето” вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов

МИА Агенција

Театарската претстава „Чудесна терапија“ вечерва на Охридско лето

Слободен печат

Битката со Ковид-19 ја загуби Арбен Бајо, еден од најпознатите албански склуптори

МИА Агенција

„Живко Чинго” за расказот на Јована Матевска Атанасова

Миа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Познатата руска пијанистка Наталија Трул вечерва на „Охридско лето“

Слободен Печат

Музичка вечер со Дуо „СолиПс” на „Охридско лето”

Слободен печат

„Макфест” годинава ќе се одржи на отворено

Слободен печат

„Охридско лето“ го отвоти Народниот театарот од Велес со претставата „Сестрите Прозорови“ (ФОТО)

Слободен Печат

„Сестрите Прозорови” на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” вечерва на „Охридско лето”

Слободен печат

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето” (ФОТО+ ВИДЕО)

Слободен печат