Мозамбик: Луѓето бегаат од Палма по терористичкиот напад, има многу повредени

Фото: EPA-EFE/LUIS FONSECA

По неколкудневните борби во крајбрежниот град Палма во северниот дел на Мозамбик, во јавноста се појавуваат се повеќе детали за  бруталноста на напад на џихадистите, јавува ДПА.

Организацијата „Лекари без граници” (МСФ) денеска соопшти дека лекува луѓе кои побегнале од Палма во другите области на провинцијата Кабо Делгадо. Таа соопшти дека е „крајно загрижена за влијанието што оваа нова појава на насилство го има врз и онака веќе многу ранливите групи луѓе”, се наведува во соопштението.

„Лекарите без граници” во понеделникот пристигнаа на полуостровот Афунги, во близина на Палма, за да им помогнат на луѓето кои бараат засолниште. Многумина биле трауматизирани, дехидрирани и гладни, а некои имале и тешки повреди.

– Ние се грижевме за едно бебе со рана од куршум. Бремените жени, исто така, доаѓаат во ужасна состојба – една жена, која се чинеше дека е бремена во седми месеци, имаше интензивно крварење, а нејзиното бебе веќе почина, изјави Силви Кацмарчик, координатор на „Лекари без граници” во Кабо Делгао.

МСФ се обидува да лоцира и други групи луѓе кои се избегани низ покраината.

Околу 100 милитанти на 24 март изведоа упад во градот Палма, богат со гас. Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот, соопшти дека ја презела контролата над градор и дека убила повеќе од 55 припадници на безбедносните сили на Мозамбик, потсетува ДПА.

Владата нема официјален извештај за состојбата во Палма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот