Мотоциклист e повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Сообраќајна несреќа е пријавена вчера во 11.35 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на село Дебриште.

Во несреќата учествувале мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од Дебриште.

– По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот