Мотиејунас: Шампионот на АБА лигата и следната сезона во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Извршниот директор на Евролигата, Паулијус Мотијејунас потврди дека шампионот на АБА лигата има загарантирано учество во елитното натпреварување следната сезона.

– Сегашниот договор е шампионот на АБА лигата да игра во Евролигата и тоа не е променето – изјави Мотијејунас во интервјуто за „Баскет њуз“.

Тој се осврна на можноста српските кошаркарски клубови Црвена звезда и Партизан да добијат лиценца за долгогодишен пласман во Евролигата.

Тоа ќе зависи од другите опции што ги имаме во Европа и Евролигата, победниците на Еврокупот и финалистите. Ќе седнеме и ќе разговараме. Мораме да се фокусираме на два различни аспекти. Еден е сегашните клубови кои играат, нивните навивачи и натпреварувањањата во кои тие се приклучуваат, но другиот дел е дека мораме да имаме одржливи клубови. Невозможно е да ги направиме сите среќни и да ги доживееме сите најдобри места за играње кошарка.

А Белград е едно од најдобрите места, очигледно. Но, ние мора да го имаме бројки зад себе. А погледнете ги сите останати клубови и пазари кои растат – рече извршниот директор на Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот