Москва вели дека изјавите на израелскиот министер за употреба на нуклеарно оружје во Газа покренуваат „огромен број прашања“

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија вели дека забелешките на израелскиот министер за наследство Амихаи Елијаху дека се разгледува употреба на нуклеарно оружје во Газа покренуваат „огромен број прашања“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова додаде дека Израел се чини дека признал оти поседува нуклеарно оружје, „прашање кое намерно е двосмислено со децении“.

– Значи, слушаме официјални изјави за присуство на нуклеарно оружје?, праша таа, додавајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија треба да изврши увид.

Елијаху беше критикуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и суспендиран на неодредено време од состаноците на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот