Моника Белучи со кратка коса и фустан во боја на вино: Нејзиниот стил на облекување и однесување е поим за отменост (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Италијанската филмска дива Моника Белучи (55) пред некоја вечер присуствуваше на церемонијата по повод затворањето и доделување на наградите на филмскиот фестивал „Лумиер“ во францускиот град Лион.

На црвениот тепих дојде, како и по обичај, многу елегантна – во фустан со должина до подот со потпис на модната куќа „Диор“, кој го краси суптилен пресек на градите и широки ракави кои паѓаат лежерно.

Освен прекрасната тоалета, Моника целото внимание го сврте кон себе и со новата фризура која за прв пат ја претстави пред неколку дена, но нејзините фанови се уште не можат да се навикнат.

Драстично пократката коса во однос на нејзиниот досегашен имиџ ја подмлади актерката, велат барем за 10 години, а целокупниот стајлинг суптилно го нагласи со ефективни, светликави алки, кои на нејзиниот изглед додадоа дополнителен впечаток.

Каде и да се појави, таа е суптилна, одмерена и елегантна, секогаш облечена во склад со своите години, затоа нејзиниот стил на облекување, но и однесување е вистинска дефиниција за отменост и поради таа причина Моника е една од ретките познати жени кои слободно можат да се наречат вистински дами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот