МОН инсистира: Државната матура да се оджи во предвидените рокови

Фото: МИА

Министерството за образование и наука соопшти дека инсистира државната матура да се одржи на датумите дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни.

-Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома. Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за каков било нов предлог околу полагањето на државната матура, наведе Министерството за образование и наука.

Во соопштението МОН додава дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање конечно решение, но истовремено, како што е наведено, „неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матурантите.

ДИЦ и Битиќи не постигнале договор – Синдикатот продолжува со штрајк и се повлекуваат од јавни обраќања

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот