МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии од дуалани паралелки од здравствена струка

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024 година.

На веб-страницата на МОН е објавена листата на добитници на оваа стипендија и е достапен за преземање Договорот за стипендија кој секој добитник треба да го пополни во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка на ученикот да го достави до МОН.

Документите може да се поднесат директно во писарницата во Министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), почнувајќи од денеска до 3 април 2024.

-Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на електронското решение од МОН кое ќе биде прикачено на електронската апликација на ученикот и во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, информира МОН.

Министерството укажува кандидатите да не ги доставуваат приговорите пред да го добијат решението за одбивање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот