Молк за уништувањето на Маркова Река

Градежни активности кај Маркова Река / Фото: „Еко-свест“

Не сум информиран дека инвеститорот таму прави нешто што е надвор од дозволата за градба – рече Азем Садики, градоначалник на Општина Студеничани. Тој вети дека ќе испрати комунален редар на самото место за да се проверат наодите.

Државниот Инспекторат за животна средина и општината што го издала одобрението за градба на инвеститорот на малите хидроцентрали на Маркова Река треба да излезат на самото место за да утврдат колкави се штетите направени врз природата во коритото на Маркова Река и околината.

Ова е објаснувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со еколошката катастрофа на Маркова Река, на која се градат три мини-хидроцентрали, за која минатата недела алармираа еколошките здруженија.

До службите на МЖСПП засега не е пристигната пријава, но тоа го информирало Државниот инспекторат за животна средина.

„Државниот инспекторат ќе спроведе вонреден инспекциски надзор при кој водостопанскиот инспектор за животна средина треба да направи комплетна проверка на фактичката состојба“, се вели во одговорот што го добивме од Министерството. Од Инспекторатот, до кој исто така се обративме, не добивме никаков одговор.

„Слободен печат“ посети дел од локациите на малите хидроцентрали на Маркова Река, каде што можеше да се увери дека речното корито е изместено и затрупано со насипи од земја и камења кај првата хидроцентрала. Сепак, инвеститорот не ѝ дозволи на нашата екипа пристап до останатите две, каде што екологистите регистрираа најголемо уништување на реката и живиот свет. Инвеститорот тврдеше дека токму тој ден имало минирање на тој дел од патот.

Општина Студеничани не е запознаена со проблемот.

– Не сум информиран дека инвеститорот таму прави нешто што е надвор од дозволата за градба – рече Азем Садики, градоначалник на Општина Студеничани. Тој вети дека ќе испрати комунален редар на локацијата за да се проверат наодите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот