„Мокриот барут“ на Мицкоски има цел да го држи народот исплашен и поделен, вели Артан Груби

Артан Груби-Али Ахмети/ФОТО Фејзбук

На партиски настан на ДУИ во тетовското село Шемшово, вечерва се обрати Артан Груби, кој го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека цели да го држи народот во страв и поделеност.

„Кој му застанува на патот на силниот Албанец и на најмоќната партија-ДУИ во Македонија? Кога го направивме Охридскиот рамковен договор, договорот со Грција, НАТО, ЕУ… ДУИ немаше ништо тајно, секој наш проект е транспарентен и се изнесува на маса. Сакаме силна Македонија со сите народи што живеат тука. Значи, влажниот барут на Мицкоски има само една цел, да го држи народот под страв и поделеност, страв од Грците, Бугарите, Албанците итн… Политиката на страв е политика на регресија, таа не ни треба, нам ни треба напредок. Никој од нас не прави „финти“, туку само реализираме проекти и ги исполнуваме дадените ветувањата“, рече Груби.

На настанот се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека партијата била фактор на стабилност, кој работел на мирот не само во Македонија, туку и во регионот.

„Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик. Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да ја градиме иднината. Јас не сум политичар на телевизиските екрани или на канцелариите, туку доаѓам од друга област која ги знае проблемите на народот, па затоа сум покрај вас секогаш да ве слушам“, рече лидерот на ДУИ на средбата со жители на тетовското село Шемшово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот