Мобилно банкарство – некогаш и сега

Банкарската индустрија доживува драматични промени низ годините. Иако генералната слика е дека корисниците влегуваат во филијалите за да подигнат пари, да префрлат средства или да бараат информации, сепак во поново време, огромен број од корисниците основните финансиски трансакции ги прават преку дигиталното и мобилно банкарство.

Што е дигитално банкарство?

Според FFIEC, електронското банкарство се дефинира како „автоматизирана достава на нови и традиционални банкарски услуги и производи директно на корисниците преку електронски интерактивни комуникациски канали“.

Што значи тоа? Тоа значи дека денешните корисници треба да се во тек со промените и да имаат постоечко дигитално искуство. Користењето на мобилните уреди повеќе не е луксуз и многумина ги користат предностите на онлајн каналите за купување, префрлување средства или вадење готовина.

Благодарение на дигитализацијата, корисниците имаат непречен пристап до своите банковни сметки 24/7 и не мора да стојат во долги редици за наједноставни трансакции. Особено кога станува збор за мобилното банкарство – во кое било време и на кое било место имате достапни средства, што значително го подобрува корисничкото искуство и создава чувство на сигурност.

Преку својот мобилен, корисниците веќе многу едноставно и дефинитивно со пониски трошоци, може:

  • да плаќаат сметки за комуналии, и тоа само со внес на бројот на фактурата;
  • да вршат менувачница, односно да ги конвертираат своите средства во потребната валута;
  • да орочуваат – да отворат свој штеден влог и тоа со поповолни каматни стапки;
  • да префрлат пари на сметка од свој пријател или колега, преку телефонскиот именик;
  • да му пратат на своето дете или на својот пријател пари, кои може да ги подигне од банкомат и без картичка;
  • да си ја проверат состојбата на сметката;
  • да водат евиденција за своите трошоци.

За сето ова да биде појасно и достапно за народот во земјата, банките треба да овозможат што е можно поголема едукација за користењето на ваквите нивни услуги.

Една од банките тоа го прави преку следниве кориснички упатства:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот