Мобилизацијата во Русија е директна закана за бугарската национална безбедност, вели ексминистерот Шаламанов

Фото: Epa/EFE

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и поранешен пратеник од „Демократска Бугарија”, Велизар Шаламанов, изјави за НОВА дека она што се случува во Русија и делумната воена мобилизација најавена од претседателот Владимир Путин е директна закана за националната безбедност на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Шаламанов смета дека „Бугарија може да очекува зголемена кампања за дезинформации од Русија, како и провокации во рамките на НАТО и ЕУ, затоа што Путин не може да победи во војната во Украина ниту со воени дејства ниту со репресии”.

„Постои директна закана за националниот интерес и безбедноста на Бугарија”, рече Шаламанов и праша зошто ниту Консултативниот совет за национална безбедност при претседателот Румен Радев или Советот за безбедност на премиерот Гулаб Донев сè уште не одржале состаноци на оваа тема.

Треба да се посвети внимание од бугарските специјални служби до руските граѓани во Бугарија, имотот на Русија, како и да се следат паравоените формации, финансирани од Русија, формирани во 1999 година за време на војната во Косово, рече Шаламанов.

Поранешниот бугарски министер за одбрана Тодор Тагарев, исто така, ги критикуваше постапките на бугарските власти дека немаат соодветно однесување во оваа сложена ситуација. Професорот Румен Канчев, кој исто така учествувашед во дебатата, рече дека нема доверба во Бугарија од страна на САД. нк/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот