ММФ: И покрај ковид-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката

Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај ковид-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на највисоките и најновите меѓународни стандарди.

Ова се дел од оцените изнесени на состанокот на тимовите на Народната банка и Министерството за финансии со тимот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

На состанокот се разговараше за досегашните заеднички проекти и за активностите коишто се планираат за следниот период. Особено беше истакнат остварениот напредок, вклучително и преку достигнувањето од страна на Народната банка на највисокиот глобален статистички стандард за дисеминација на податоци – СДДС плус. Притоа, одделно беше посочено на залагањата на Народната банка, којашто овој месец започна со редовно објавување и нови подетални податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност, а за до крајот на годината се планира и прва објава на нови податоци за финансиските сметки, во согласност со најновите стандарди- стои во соопштението на Народна банка.

Соработката меѓу експертските тимови на ММФ и Народната банка беше оценета како одлична, што е основа и за повеќе заеднички проекти во натамошниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот