Млад скопјанец крадел точаци и ги препродавал, полицијата го фати

19-годишен скопјанец е уапсен вчера откако полицијата утврдила дека украл два велосипеда од улицата „Рузвелтова“, по што ги препродал на 44-годишен жител на Скопје, соопшти МВР, од каде велат дека ќе го гонат и купувачот на украдените точаци.

„На 20.02.2023 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека во периодот помеѓу 15 и 18.02.2023 на ул.„Рузвелтова” одзел велосипед, сопственост на Ж.Т.М. од Скопје и дека ноќта помеѓу 10 и 11.07.2022 одзел велосипед на ул.„Методија Андонов Ченто”, сопственост на В.Т. од Скопје, по што ги продал на А.Н.(44) од Скопје. Во службен разговор во полициска станица Д.К. ги признал делата. Во полициска станица на службен разговор бил повикан и А.Н., а кај него биле пронајдени одземените велосипеди, кои биле вратени на сопствениците“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот