Млад скопјанец го загуби животот во сообраќајка

Полиција/ фото МВР

Млад скопјанец го загуби животот, а друг е повреден откако автомобил излетал од пат и се запалил во скопско Волково.

Трагедијата се случила синоќа во 03.15 часот на крстосница од ул.„60“ и ул.“58“ во с.Волково, скопско.

-Патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот