Млад крадец однел ранец од автомобил на паркингот на УКИМ, полицијата веднаш го фатила

Фото: МВР

22-годишен крадец бил фатен вчера во близина на комплексот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, откако непосредно пред тоа украл ранец од паркиран автомобил, соопшти МВР.

„На 27.04.2023 околу 12.30 часот на ул.„Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа на паркинг во кругот на универзитет „Св.Кирил и Методиј“ на бул.„Гоце Делчев“ од патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(19) од Скопје, одзел ранец со лични предмети. Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот“, пишува во полицискиот билтен.

По целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот