Митревски: Тактички добро сме подготвени за Светското првенство

Никола Митревски/фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација се подготвува за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година во Полска и Шведска.

Ракометарите предводени од селекторот Кирил Лазаров ќе играат во групата „Ф“ во полскиот Краков со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Македонскиот репрезентативен голман, капитен и член на португалскиот клуб Порто, Никола Митревски вели дека тимот одработи одлични подготовки за претстојниот Мундијал.

– На СП никого нема да прецениме, никого нема да потцениме. Мислам дека имаме самодоверба, знаеме што сакаме, тактички добро сме подготвени, физички исто така верувам дека сме подготвени. Желбата кај сите е да се претставиме во што подобро светло, да се носиме со големите репрезентации. Да го дадеме последниот атом од силите на секој натпревар за да победиме и да обезбедиме пласман во следната фаза – се зборовите на голманот на нашата селекција, Никола Митревски.

Првиот натпревар на СП Македонија ќе го има на 13 јануари со почеток од 20.30 часот против фаворитот во групата, Норвешка.

Распоредот на мечевите од прелиминарната фаза на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот