Митот за „Поткастрениот пакет“ како поддршка на хибридната операција против Ф-16

Фото: Профимедиа

Веќе две години во Бугарија се води тешка политичка но и разузнавачка игра околу набавката на борбени авиони-ловци. Председателот на Бугарија, генералот Румен Радев, и самиот пилот, инсистираат да се набави шведско-руската комбинација на авиони Грипен, додека пак премиерот Борисов и министерот Каракачанов, преферираат да се земе американскиот Ф-16.

Конечно победи опцијата за Ф-16, но обвинувањата за замешаноста на председателот Румен Радев, за неговите проруски определувања и соработката со руските оперативци, не стивнуваат. Ви пренесуваме дел од размислите на воени експерти, за набавката на авионите, претставени на сајтот Фактор.бг.

Само еден ден откако владата донесе решение да се здобие со Ф-16 блок 70/72, сосема очекувано стартуваше хибридната кампања, со цел да се попречи договорот. Во некои медии, блиски до председателството се појави копие од протоколот на преговорите меѓу Бугарија и САД и цената на комплетната зделка-пакетот за набавката на Ф-16. Тоа е класика во хибридните противдејства.

Протекувањето на документите е докажан начин на противдејствие при хибридни операции. Меѓутоа, во овој случај протекувањето на информациите не е цел по самата себе, ами е пресметан со нивното превратно, обратно толкување. Целта е преку манипулативно представување и толкување на точните факти, бугарското општество да биде доведено во заблуда, за да биде миниран процесот за набавка на новиот авион, сето тоа под маската на експертски анализи и говоранции.

Како и наведување на технички информации, кои се малку познати на широката публика. Веројатно тука ќе се вклучат и пристрасните авиоексперти, групирани околу претседателот Румен Радев, кои ќе дадат се од себе си во наредните денови, за да протуркаат и наложат меѓу луѓето предходно “зготвени” спорни точки. Faktor,Bg ги презентира позициите по оваа важна тема од водечки експерти кои го посветиле своето професионално искуство на националната сигурност, а не на политички интриги во полза на странски држави.

Првата задача на хибридната акција против Ф-16 е да се протуркаат неточните размисли, дека авионот е со поткастрен пакет на вооружување до толкав степен, што ќе биде практично, борбено неспособен и ќе буде употреблив само за аеромитинзи и аерошоу приредби. Претседателот Румен Радев веќе го поведе тоа хибридно оро. Тие инсинуации воопшто не се точни, а можат да бидат проверени при анализа од самиот документ, протечен и достапен во медиите.

Пред да ја анализираме содржината на документот, треба да се потсетиме дека не американската, туку шведската понуда за “Грипен”, не го вклучува неопходното вооружување. Ако го бевме избрале “Грипен”, дури тогаш ќе добиевме авион со поткастрени возможности. Дури тогаш ќе се наложеше, вооружувањето на авионот да го прибавуваме од трети страни, со одделни договори и дополнителни процедури, за кои пак ќе беше нушно да се издвои повеќе време. Сето тоа, без гаранции дека тие нешта ќе ни бидат доставени навремено и безусловно. Па така, Грипен ќе ги чинеше многу поскапо бугарските данокоплаќачи. Словачка например проценила, дека независно од здобивањето со Грипен по пониска цена, во перспектива, при целосен животен цилкус на користење на авионот, расходите за Ф-16 се за 8% пониски од Грипен.

Исто така, важно е да се каже, дека ако изберевме Грипен, по каква цена можевме да се здобиваме со американското вооружување за него. Би требало експертите да помислат и по прашањето дали американското вооружување од Ф-16 може директно да се вгради во Грипен, или ќе биде нужна дополнителна порачка. Ако е така, дали тоа нема да го поскапне…

Факт е дека тие кои сакаат да ја урнат зделката и да го вратат Грипен во играта многу добро го знаат тоа нешто. Истите тие луѓе, најбезочно се трудат да го протуркаат неточното тврдење, дека Ф-16 е со толку поткастрен пакет на вооружување, што го прави потполно неупотреблив.

Стана многу јасно, дека во понудата на САД за Ф-16 е вклучен полниот пакет на вооружување, нешто кое е неопходно за постигнување на целосните оперативни способности на авионот, нужни за неговата експлоатација за повеќе намени. Прашањето е, дека точно на оваа етапа воопшто НЕ е неопходно да биде закупено се она што е вклучено во тој пакет, по цена од 1.67 милијарди долари. Значи, сега може да биде купен минималниот неопходен дел од тој пакет, на пониска финансова вредност, во случајов малку под 1.2 милијарди долари, а понатаму ќе се стекнува со дополнително вооружување и опрема, до одобрената сума од американскиот Конгрес, чија што цена не смее да надмине 1.67 милијарди долари.
Е, тука е финтата која смислено и манипулативно се ползува од едно про-Грипен лоби, чија што единствена мисија е да пропадне зделката со Ф-16. Се употребуваат сите средства, по секоја цена.

Ова е заради тоа што Ф-16 не само што конечно ја прекинува, ја раскинува зависноста на бугарската воена авијација од рускиот военоиндустриски комплекс, но и најважното-Бугарија се здобива со технички подобриот, веќе многукратно испитан и докажан авион. Најважното, тој е поопасниот за ловечки авион за Русија.

За да се објаснат манипулациите во главните точки на про-Грипен лобито, најважното кое сега треба да се разбере е дека намалениот број ракети и единици опрема НЕ значи дека на авионот му недостигаат способности. Со други зборови, порачката на еден резервен мотор по малку и на по мал број ракети, воопшто не значи дека авионот нема да има способности за дејствување. Напротив, ќе има. На пример тоа дека кај пакетот “воздух-воздух” ракетите AIM-120C-7 се намалуваат од 16 на 13, а ракетите за блиска борба AIM-9X се намалуваат од 24 на 12 не значи дека нема да биде способен за извршување на поставените задачи.

Истото важи и за бројот на пилотите и техничкиот персонал. Тоа што НА ОВАА ЕТАПА(!) ќе се обучат 12 наместо 16 пилоти, не значи дека нема да имаме подготвени пилоти за авионите. Ќе бидат доволни 12 пилоти за 8 авиони. На пример, кога Полска почна да воведува во вооружувањето Ф-16, испрати на почетокот на обучувањето, само група од 6 пилоти!

Што се однесува до бројката на поставените системи за прикажување и насочување кон целите, JHMCS II, кои што од 20 стануваат 12, на оваа етапа тие се сосема доволни. Очигледно е дека при пакетот “воздух-воздух”, а потребна минимално неопходната муниција. Но понатаму, неоходно ќе биде да биде купена дополнителна муниција.

За количината на ракети и бомби треба да се има предвид, дека би било неразумно, од финасова гледна точка, отсега да се купат големи количини, за наводно, да бидат до крајот на животниот век на авионот. Треба да се знае дека тие имаат рок на употреба на кој треба да се внимава. Ако сега се опремиме со скапа муниција, во иднина може да се каже дека тоа била неразумна инвестиција. Заради тоа, разумна пракса е да се купуваат само минимално неопходните количини, кои редовно ќе се надополнуваат со нови.

Што се однесува до информацијата дека Бугарија управувачко вооружување “земја-воздух”, треба да се уточни дека тоа се однесува само на УПРАВУВАЧКОТО вооружување од тој тип. Подоцна ќе биде купено такво ново. Истовремено во пакетот останува вооружувањето со кое може да се дејствува на цели по земјата (бомбите МК 82). Значи, авионот си останува повеќенаменски, макар на почетокот и со по малку вооружување, нешто кое подоцна ќе биде дополнувано.

По однос на повеќенаменските способности на авионот (“воздух-воздух” и “воздух-земја”), праксата покажува дека на првичната етапа фокусот се става на способностите “воздух-воздух” Тоа значи исполнување на мисијата за заштита на воздушното пространство, air policing,

Нешто што сега е со највисок приоритет. Првата и непосредна мисија на заштита на воздушното пространство air policing е задача на бугарските военовоздушни сили во сегашниот стратешки контекст. Тоа е заштита на воздушното пространство во рамките на Интегрираниот систем за противвоздушна и противракетна одбрана на НАТО. Исто така, цел е да се постигне способност за ефективно и полно воздејствие по морски цели и цели на земјата, кое значи дека системот ќе се надградува со боеви глави воздух земја. До овие нешта се стига најтешко, практично се последната етапа, откако се постигнат способностите за air policing. На Чешка и Унгарија кои работат со авионите Грипен, им требаше време за постигнувањето на способности и знаења за дејствија по цели на земјата, а се сретнаа и со многу проблеми.

Освен тоа, намалувањето на бројот на резервни делови и други потреби, засега е оправдано. Истото важи и за опремата за експлоатација на Ф-16 во база на FOB-Forward Operational Base. На оваа етапа ова не еод толку суштествено значение за способноста на нашите военовоздушни сили. Со таа опрема ќе се здобиеме во наредната фаза. Логично е тоа да стане при втората транша на добивување на другите осум авиони.

Воопштено може да се каже дека на таа етапа од страна на Министерството на одбраната, сосема основано е проценето, дека договорениот пакет за вооружување е минимално доволен. Тој пакет обезбедува основни оперативни способности на авионот, знаејќи дека предстои дополнително закупување на вооружување и опремување. Така, постепено ќе бидат достигнати полните оперативни способности. Тоа сосема логично ќе се случи во следните етапи при здобивањето со наредните осум авиони, така што Бугарија ќе располага со потполно оперативно оспособена ескадрила од 16 авиони.
Важно е во општеството да се разбере дека потполното усвојување на оперативноста на авионите ште ни одземе барм 3-4 години. Бугарија треба допрва да го прифати и дополни тој пакет на способности до неопходното ниво. Најпрво ќе биде исполнувана мисијата air polising во рамките на Интегрираниот систем на противвоздушна и противтакетна одбрана на НАТО.

Исто така треба да се смета, дека во моментот порачаното минимално опремување на авионот е содржано во тој пакет. Тоа ќе даде возможности, во перспектива, надградување и користење на различна муниција за различни задачи.

Значи, со тој пакет опрема и вооружување, Бугарија добива авион кој ќе има доволно способности за исполнување на поставените задачи. Тоа нема да биде авион за аеромитинзи, туку оперативно компатибилен со НАТО авионите, нешто со кое што секој противник ќе треба да се сообразува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот