Мистеријата на јазикот на мачката: Научниците открија што навистина се случува кога мачките се лижат

Фото: Пекселс/ yulia-ilina

Алексис Ноел, која е научник, заедно со нејзините колеги успеале да ја откријат тајната на јазикот на мачките.

Еден ден, мачката на Алексис Ноел, Марфи, среќно се лижела – како што мачките обично прават. Алексис била фасцинирана од процесот и се прашувала зошто јазикот на мачката е толку добар во отплеткување на јазлите и чистењето на крзното. Но, кога побарала одговор во стручната литература, сфатила дека научниците повеќе или помалку ја игнорирале биомеханиката на чудесниот јазик на мачките, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Затоа, во новото истражување, Ноел и нејзините колеги се обиделе да ја откријат мистеријата на јазикот на мачката. Едно од неколкуте претходни студии покажале дека јазикот на мачката е покриен со зашилени испакнатини кои се користат како четки , додека Ноел и нејзиниот тим откриле дека овие испакнатини се всушност куки во облик на канџи на чии врвови има вдлабнатини во форма на буквата „У“.

Дедка мируваат, четките лежат рамно на јазикот свртен кон грбот, но кога е време за лижење, куките се исправаат. Вдлабнатините на врвовите на куките ја собираат плунката и ја дистрибуираат преку крзното додека мачката се лиже.

Ваквите испакнатини не се наоѓаат само на јазикот на домашните мачки. Тимот исто така можеше да ги испита јазиците на рисот, пумата, снежниот леопард, тигарот и лавот. Откриле дека и дивите мачки имаат куки со слична големина и форма, но поголемите мачки имаат многу поголем број на такви шила.

Иако испакнатините се прилично кратки, тие сепак им служат на големите мачки за да го одржат своето крзно. Единствен исклучок е персиската мачка, чии куки не се доволно големи за да се справат со долгите влакна на оваа мачка. Куките, исто така, го решаваат проблемот со јазлите во крзното со ротирање кога ќе се сретнат со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот