„Мислев дека е готово“: Џон Траволта ја откри неговата блиска средба со смртта

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Познатиот актер Џон Траволта вели дека неговата блиска средба со смртта, додека управувал со авион во 1992 година, го инспирирала да ја прифати новата улога во краткиот филм со наслов „Пастир“, пишува „Си-ен-ен“.

Филмот „Пастир“ ја раскажува приказната за млад пилот кој се обидел безбедно да слета, откако доживеал електричен дефект во воздухот. Заплетот е морничаво сличен на она што го доживеал Џон Траволта во 1992 година, кој всушност е лиценциран пилот.

Потсетувајќи се на инцидентот на промоцијата на филмот во четвртокот во Лондон, Траволта рече дека доживеал електричен дефект додека летал над Вашингтон со своето семејство.

„Знаев како е да мислиш дека ќе умреш. Имав два добри млазни мотори, но инструментите откажаа, немаше струја, ништо. Мислев дека е готово“, рече тој.

На крајот, за некое чудо тој сигурно слетал. Актерот вели дека затоа и го привлеклo сценариото базирано на истоимената книга на Фредерик Форсајт од 1975 годинаа.

Накратко, во филмот Траволта игра добар Самарјанин кој води млад пилот на безбедно, кој го игра актерот Бен Редклиф, откако ќе се најде „во опасност кога радиото и струјата му откажуваат, со ограничено гориво“.

Траволта вели дека Редклиф „го доловил тој очај кога мислиш дека всушност ќе умреш“. Актерот изјави дека е длабоко трогнат од приказната бидејќи се работи за „животот и смртта и колку вусшност е скапоцен животот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот