Мишел Вилијамс и Томи Кејл / Фото: EPA

Мишел Вилијамс стана мајка по четврти пат: Актерката го доби бебето со помош на сурогат мајка

Актерката Мишел Вилијамс која е во брак со Томас Кејл, преку сурогат мајка го доби четвртото дете, а трето со сопругот.

Како што изјавил изворот за „Пипл“, сурогат мајката се породила пред шест недели, но парот ја чувал веста во тајност.

„Не можев да бидам посреќен што го проширија семејството, а Матилда ги сака своите помали браќа и сестри“, изјавил изворот за „Пипл“.

Според медиуми, ова шестчлено семејство неодамна било видено како се шета во Њујорк.

За потсетување, Мишел Вилијамс ја има и деветнаесетгодишната ќерка Матилда со покојниот Хит Леџер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот