Мишел го повика Рохани да избегне преземање неповратни чекори

Фото: ЕПА

Претседателот Мишел потврди дека ЕУ е подготвена посилно да се вклучи со сите страни со цел да се намалат тензиите, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во телефонски разговор го повика иранскиот претседател Хасан Рохани да избегне преземање неповратни чекори и изрази надеж за смирување на состојбата на Блискиот исток.

– Претседателот Мишел потврди дека ЕУ е подготвена посилно да се вклучи со сите страни со цел да се намалат тензиите, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Иранскиот претседател Рохани, како што соопшти Брисел, изјавил дека ЕУ отсекогаш имала „стабилизирачка и одговорна” улога во регионот и оти Иран е подготвен да ја продолжи тесната соработка со Унијата.

Во телефонскиот разговор со иранскиот претседател, Шарл Мишел повторил дека иранскиот нуклеарен договор е важно достигнување што останува инструмент за регионална стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот