Миовски му даде два гола на Сент Мирен за едно полувреме

фото: afc.co.uk

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блеска во дресот на Абердин на стартот од сезоната во шкотската Премиер лига. Абердин во второто коло од Премиер лигата ја забележа првата победа, со 4:1 го совлада Сент Мирен, а Миовски постигна два гола.

Првиот гол Миовски го даде од пенал во 24 минута откако претходно еден гостински играч играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Во 37 минута Миовски зголеми на 2:0, а убедливиот триумф на Абердин го потврдија Кларксон во 45 и Дјук во 87 минута. Гостите успеаја да постигна почесен гол преку Ајунга.
Претходно Миовски погоди за новиот клуб и во шкотскиот Лига Куп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот