Минусни утрински температури ширум земјава

Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -9 степени, а под нула се температурите и во поголем дел од земјава, освен во Претор и Гевгелија.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава на повисоките места е ведро, а само во Крива Паланка дува ветер со повремено умерен интензитет. Магливо е во делови од скопско, Демир Капија, Битола и во Струмица.

Во текот на денот се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. 

Во Скопје, наутро магливо и студено, а попладне со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот