Министерството за култура реагира на протестот на филхармоничарите: Правењето на проблем онаму каде што го нема е со сосема друга позадина

Министерството за култура реагира на денешниот протест на раководството на Синдикатот на Филхармонија. Велат дека Министерството минатата недела, а не пред месец и половина, соопшти дека интензивно работи на изнаоѓање на решение за трајно сместување на новоформираната НУ Џез оркестар (иако таа се уште не е правен субјект) и тоа е апсолутна вистина.

Лагата на раководството на Сидикатот набргу ќе биде „соголена”, се вели во рекцијата.

Појаснуваат дека елаборатот за основање на НУ Џез оркестар е јавен документ, достапен во секое време и секому на веб страницата на е-влада, објавен веднаш кога е донесена одлуката и оттаму тој елаборат не е никаков таен документ.

Секоја Одлука за формирање на нова установа мора да биде пропратена со елаборат кој, пред сè, ја опишува оправданоста за формирање на Установата. Да, во елаборатот се наведува објектот Филхармонија, но во елаборат не се наведува од каков карактер (трајно или времено) е сместувањето. Во Образложанието на Одлуката , кое е пропратен документ на самата Одлука, стои дека просторно времено ќе се смести до целосно формирање на новата НУ. Исто така, во Одлуката е наведено дека објектот е даден на Филхармонија на трајно користење. И да потенцираме – правна сила има Одлуката, која е објавена во Службен весник, а не Елаборатот, се вели во соопштението.

Филхармоничарите повторно на протест, обвинија дека министерката за кутлура манипулира

Додаваат дека овие факти му се добро познати на Синдикатот на Филхармонија , но со делумно објавување на документите, истакнуваат дека е очигледна тенденцијата за манипулирање со јавноста.

Да ги објавеа во целина сите документи веруваме дека не ќе можеа да ги манипулираат членовите на најреномираниот Национален оркестар да свират на улица кога бројни Национални установи, Центри за култура и институции денеска го чествуваат Денот на македонскиот јазик. И наместо да се приклучат на ова чествување со бесплатен концерт изведувајќи дела на македонски автори, членови од раководството на Синдикатот со манипулации издејствуваа уште еден концерт на улица. Исто како и оној, минатата недела, токму на 27 април, потенцираат од Министерството.

Освен впечатокот дека некои „на нероден Петко” бесилка му прават, од Министерството заклучија дека веќе станува реален сомнежот дека правењето на проблем онаму каде што го нема е со сосема друга позадина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот