Министерство за правда на САД: Обвинение против шест Руси поради сајбер напади

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Министерството за правда на САД покрена обвинение против шест руски воени претставници под сомнение дека имале намера да ги загрозат изборите во Франција во 2017 година, Зимските олимписки игри и американската економија преку сајбер напади.

Сите шестмина обвинети се членови на руската воена агенција ГРУ, а според обвинението, тие се осомничени и за мешање во внатрешната политика на Украина. Според британски функционери, станува збор за агенти на Единицата 74455 во воената агенција ГРУ кои се занимавале со креирање лажни интернет сајтови и онлајн налози со цел хакирање.

– Акциите на ГРУ против Олимписките и Параолимписките игри се цинични и несовесни. Ние најостро ги осудуваме, рече британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Тој додаде дека објавувањето на обвинението против руските агенти следувало во координирана акција со меѓународните сојузници, за „да се сврти вниманието и за одбрана од руските акции во сајбер просторот”.

Според дел од западните медиуми, има сомнение дека руските агенти планирале напади на претстојните олимписки и Параолимписки игри во Токио.

Американски медиуми јавуваат дека во обвинението напишано на 50 страници се споменуваат сајбер напади на руски агенти и на Зимските олимписки игри 2018 во Јужна Кореја, кога на руските спортисти им беше забрането учество поради користење на недозволени допинг средства.

Во обвинението се вели дека руските сајбер напади имале за цел „промовирање на руски геополитички интереси”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот