Министерство за економија: На сите официјални средби на министерот Бектеши во Тирана беше истакнато државното знаме

Фото: Крешник Бектеши/Фејсбук

„На сите официјални средби предвидени во официјалната посета на министерот за економија Крешник Бектеши во Тирана, Република Албанија, а според државните протоколи на двете земји, беше истакнато државното знаме“, велат од прес-службата на Министерството за економија, по бурните реакции во јавноста дека на средбата на министерот Крешник Бектеши во рамки на посетата на Тирана со албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку не било поставено државното знаме на Република Северна Македонија.

За оваа средба од Министерство за економија велат дека не била предвидена во официјалната агенда.

– Средбата која што е предмет на ваш интерес не беше официјална и не беше предвидена во официјалната агенда, нагласуват од економија.

На средбата на Бектеши со Балуку, како што информираа од Министерството за економија, се дискутирало за заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза.

Како што информира прес-службата на Бектеши, двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во иднина Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти коишто ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот