Мини јубилеј на манифестацијата „Студентска музичка пролет“

Петтото издание на интердисциплинарниот проект „Студентска музичка пролет“ се одржува од 11 до 28 април 2022 година. По четири успешни изданија, креаторките на проектот, проф. Ивана Трајаноска (УАКС) и проф. Мира Беќар (УКИМ), подготвија разновидна програма со која достоинствено ќе го одбележат мини јубилејот.

Изданието е хибридно, односно некои од настаните се онлајн, некои во живо. Како и досега, манифестацијата „Студентска музичка пролет“ има за цел да ги заживее и поттикне културните активности на универзитетите, како и да ги претстави истражувањата на одличните и инспиративни професори и уметници, од Македонија и од странство, кои во фокусот на своите истражувања ја ставаат музичката уметност и нејзините врски со другите уметности, научни дисциплини и општеството.

Годинава ќе бидат претставени предaвања на проф. Соња Здраковска Џепароска, проф. Хајди Харт, Ивана Коцевска, Мариглен Демири, концерт на Мухамед Ибрахими, Ема Попивода и студентска трибина со Гаро Тавитијан.

Подетални информации за настаните можат да се најдат на ФБ-страницата на „Студентска музичка пролет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот