Милошоски му возврати на Димитров: Размазениот министер не можеше да дојде да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на фејсбук го обвини вицепремиерот Димитров за неговата изјава дека не дошол на седницата на Комисијата за надворешни работи за да не си го загрози своето здравје, како и на другите.

 

„Размазениот министер не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата. Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Димитров: Немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите

Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се заразел.

Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот.“, напиша Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот