Милиони луѓе без струја, најмалку петмина загинаа во снежна бура во САД

Најмалку пет луѓе ги изгубија животите во силната зимска бура „Јури“, која ги погоди Соединетите американски држави, и во која пет милиони куќи и компании останаа без струја во Тексас, а на југозапад е забележана појава на застрашувачки торнада, пишува „Дејли мејл“

Многу ниските температури забележани во тексас, каде смрзнаа терво-турбините на минус 29 степени Целзиусови.

Во делови од Тексас забележано е нешто што би можело да се нарече „снегнадо“, односно комбинација од торнадо и снег.

Националната метеоролошка служба соопшти дека над сто и педесет милиони Американци сега се под предупредување на зимска бура. Мдежу погодените држави се Тексас, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Оклахома.

Ледената бура стигна до северот на Мексико, каде над четири милиони домови и компании останаа без струја вчера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот