Милиони луѓе без струја, илјадници спијат надвор по силниот земјотрес во Порторико

Фото: EPA-EFE/THAIS LLORCA

Неколку илјади граѓани ноќта ја поминаа на отворено, поради тоа што куќите им се срушени во земјотресот или постои ризик од нивно рушење.

Околу милион и пол луѓе, повеќе од половина од популацијата во Порторико, нема струја по земјотресот кој во вторникот ја погоди оваа островска земја.

Неколку илјади граѓани ноќта ја поминаа на отворено, поради тоа што куќите им се срушени во земјотресот или постои ризик од нивно рушење.

За потсетување, земјотрес со јачина од 6,4 степени кој беше најсилен кој во последните 100 години го стресе Порторико. Загина едно лице.

Не се очекува дека снабдувањето со електрична енергија на целиот остров ќе биде воспоставено до викендот, поради тоа што во земјотресот е оштетена главната електрана Коста Сур, како и друга инфраструктура која е клучна за снабдувањето со електрична енергија.

За обновата на оваа електрана која со струја снабдува четвртина од Порторико ќе биде потребно најмалку една година, рече директорот на Агенцијата за електроснабдување Хосе Ортиц.

Околу 24 отсто од жителите немаат ниту вода за пиење, а повеќе од 2.200 луѓе се сместени во прифатни центри.

Вчера, локалните медиуми пренесоа дека земјотресот ја уништил и најпознатата природна туристичка атракција во Порторико. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот