Земјотрес ја уништи најпознатата природна атракција во Порторико (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Вчерашниот земјотрес со силина од 5,8 степени по Рихтер ја уништи најпознатата природна туристичка атракција и природни симболи на Порторико, познатата Пунта Ветана, пренесуваат медиумите.

Во земјотресот се повредени осум лица, а како што пренесоа локалните медиуми, срушена е и една црква. Официјалните лица предупредија дека постои можност повеќе објекти да се оштетени, за што ќе имаат информација откако ќе се вратат во функција телефонските линии.

Гувернерката на Порторико Ванда Васкез потврди дека нема извештаи за загинати лица, но побара затворање на јавните институции и ги повика граѓаните да останат мирни додека не се испитаат оштетувањата на објектите.

Таа вчера прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот