Милевски: Круна за секој тренер е да биде селектор на А репрезентацијата

Своето деби како селектор на сениорите ќе го има против Ерменија/Фото: ФФМ

1 август Благоја Милевски и официјално е промовиран како нов селектор на најдобрата македонска А репрезентација…Своето деби ќе го има на 2 септември во Скопје против Ерменија во рамките од мундијалските квалификации.

Како што истакна и претходно заедничка цел на сите ни е пласман на Европското првенство 2024 година, но во тековните квалификации за СП 2022 во Катар исто така ќе биде даден максимумит за да се има успешни квалификации и да останеме конкурентни до крајот на циклусот.

– За мене претставува гордост и исполнетост од повеќе аспекти, од спортски, национален и човечки. Мислам дека за секој тренер круна на неговата тренерска кариера е да биде предводник на најдобрата селекција на својата држава.

Иако сум седум години веќе селектор на У21, сепак е посебно чувството кога сте предводник на најдобрата селекција. Се радувам на првата средба со играчите, затоа што нели повеќето од нив добро се познаваме, се познаваме и со останатите.

Искрено не чувствувам никаква разлика, туку некоја позитивна атмосфера и посебно чувство кај мене, и нетрпение за првиот контакт со репрезентативците.
Изминатиот период остварив контакти со сите и разговори. Не се сменети, и тоа ме радува. Да, созреани како личности, тоа може да биде само плус во нашата работа која нè очекува во иднина. Но, пак ќе потенцирам дека се тие момци, карактерно селектирани, онакви какви што ѝ треба на Македонија – вели Милевски.

Пад од 10 позиции на најновата ФИФА ранг листа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот