Милевски го објави стартниот состав на македонската репрезентација против Ерменија

Фудбалерите ќе ја бркаат третата победа во мундијалските квалификации/Фото: ФФМ

Вечерва од 20.45 часот нашата сениорска селекција предводена од селекторот Благоја Милевски ќе го игра својот четврти натпревар од квалификациите за Светското првенство..

Милевски дебитира на клупата и се надева на одличен почеток со кој ќе се продолжат шансите на патот кон Мундијалот во Катар 2022.

Милевски ги објави следните 11 играчи кои ќе стартуваат од првата минута на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје:

Димитриевски, Муслиу, Елмас, Алиоски, Трајковски, Барди, Чурлинов, Ристовски, Д. Велковски, Јаховиќ, Костадинов.

Од клупата за резервни играчи шанса ќе чекаат Ашковски, Атанасов, Аврамовски, Ѓорѓев, Илиев, Ристевски, Ристовски, Серафимов, Шишковски, Спировски, Тодороски, Зајков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот