Фото: ФФМ

Милевски: Белгија е фаворит, но ние ќе го живееме нашиот сон

Македонскиот селектор Благоја Милевски смета дека натпреварите со фудбалски гиганти, како што е Белгија, се неопходен дел од патот кон напредокот на македонската фудбалска репрезентација. Утрешниот натпревар во Брисел, кој е дел од квалификациите за Светското првенство 2026, за него претставува уште една важна лекција и можност за развој.

„Немаме често можност да играме со вакви селекции, но со пласманот во Б дивизијата од Лигата на нации, тоа ќе се промени. Затоа и пријателските натпревари ги закажувавме со реномирани противници – за да се навикнеме на интензитетот и квалитетот на елитниот фудбал. Само така можеме да растеме и да бидеме конкурентни на повисоко ниво“, изјави Милевски.

Селекторот изрази задоволство од ангажманот и посветеноста на своите избраници, за кои вели дека веќе имаат искуство со големи предизвици.

„Оваа генерација веќе покажа дека може да се носи со најдобрите – имаме настап на Европско првенство и со младинската и со сениорската селекција. Секако, натпревар сам по себе не значи ништо ако не го искористиме за напредок. Белгија е фаворит, тоа е јасно, но ние и понатаму ќе го живееме нашиот сон и ќе се бориме да останеме конкурентни во овие квалификации“, истакна македонскиот селектор.

Натпреварот помеѓу Белгија и Македонија се игра утре во терминот од 20:45 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот