Миленкоски: Оваа Италија е она што е САД во кошарката со сите НБА ѕвезди

Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши Европското првенство со оечкуван пораз од Италија на кое за првпат игравме во осминафиналето.

За македонскиот стратег Јошко Миленкоски порача дека ова е уште една спектакуларна епизода од нивните животи и кариери.

„Заврши уште една епизода од нашите кариери и тоа на едно спектакуларно Европско првенство. Одамна немав видено да демонстрира некој ваква сила како Италија против нас. Оваа селекција на Италија е како во кошарка САД да игра со сите НБА ѕвезди. Тие беа супериорни во многу фази од играта и бевме немоќни да сториме нешто повеќе. Во првиот сет бевме одлични, но откако тие почнаа да сервираат многу поагресивно веќе немавме шанси. Мислам дека Полска и Италија ќе играат финале на ова првенство, а ние ја имавме таа среќа и привилегија да играме против двете најдобри екипи во светот“, изјави Миленкоски.

Ќе потсетиме, Македонија во осминафиналето се пласираше со двете стартни победи против Данска и Црна Гора, а подоцна претрпевме порази од Полска, Холандија и Чешка, па моравме да одиме на осминафинале со веројатно најсилната селекција во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот