Мигрантите фатени во Грција платиле 2.500 евра за да бидат пренесени до Солун

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

По 2.500 евра им платиле на кримучарите секој од мигрантите кои вчера беа пронајдени во камион на автопат во близина на градот Ксанти, во североисточниот дел на Грција, објави грчкиот весник „Катимерини”, повикувајќи се на нивните искази дадени пред полицијата.

Мигрантите, вкупно 41, кажале дека тргнале од Турција, а крајната дестинација им бил Солун.

Според „Катимерини”, 39 лица се од Авганистан, еден е од Сирија и еден од Иран, а од грчката полиција соопштија дека 40-годишниот возач на камионот, кој бил без возачка дозвола, е уапсен.

Полициски извори за весникот кажале дека возилото било со бугарски регистарски таблички и припаѓало на компанија со седиште во Бугарија.

При контрола на камионот, грчката полиција вчера ги пронајде и спаси мигрантите, а осум од нив поради лошите услови биле пренесени во болница.

Сите 41 мигрант се мажи, на возраст од 20 до 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот