Мицотакис и Ал-Менфи се согласиле за одново започнување на разговорите за одредување на морските зони

epa09118710 Libya's interim prime minister Abdul Hamid Dbeibah (R) and Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis (L) give a joint press conference at the prime minister's office in Tripoli, Libya on 06 April 2021. EPA-EFE/STR

Ја поздравувам намерата на Либија да разговара со Грција за критичните прашања, како што е одредување на морските зони, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од средбата во Атина со Претседателот на преодниот претседателски совет на Либија Мохамед Јунус ал-Менфи, кој од своја страна истакна дека Грција, ја гледаат како порта кон Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Ал-Менфи се согласиле набргу одново да започнат разговорите меѓу Грција и Либија за одредување на морските зони, а на средбата станало збор и за можностите за проширување на билатералните економски односи, како и за соработката во областа на културата.

-Ја поздравувам вашата намера, но и на премиерот на Либија, вашата земја да разговара со Грција за критични прашања како што е разграничување на морските зони. Грција е земја пријател за Либија, грчкиот народ е народ пријател на Либија, нашите односи се губат во длабочините на вековите и сакам да знаете дека Грција, за Либија секогаш ќе биде стабилен пријател и сојузник во рамките на Европската унија, така што вашата убава, но измачена земја одново да го најде патот кон стабилност и просперитет, рече Мицотакис.

-Секогаш сме заинтересирани за нашето пријателство со Европската унија и нашата главна грижа отсекогаш била Грција да биде порта кон Европската унија. Се грижиме за развојот на односите, се грижиме за отворање на нови хоризонти во односите, особено во односите со Грција. И, ако во одреден момент овие односи поминаа низ некои тешки моменти, ова може да се реши преку дијалог и јас лично верувам дека заедничките точки што нѐ обединуваат ќе ни помогнат да се справиме со какви било тешкотии, истакна Ал-Менфи.

Претседателот на преодниот претседателски совет на Либија Мохамед Јунус ал-Менфи денеска е во посета на Атина и освен со Мицотакис,  оствари средба и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот