Мицкоски: Заев предложи предметите на СЈО да ги преземе обвинител на предлог на опозицијата

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека премиерот Зоран Заев на вчерашната лидерска средба предложил да се формира ново обвинителство за висока корупција кое ќе го води обвинител на предлог на опозицијата и кое ќе ги преземе и предметите од Специјалното јавно обвинителство. Според Мицкоски, вчера не се постигнал договор за законот за јавно обвинителство бидејќи Заев не прифатил новото обвинителство да се занимава и со веќе формирани предмети.

Мицкоски рече дека во првиот дел работните групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ реферирале за досегашниот тек на разговорите. Потоа Заев дал предлог да се формира јавно обвинителство за висока коруцпија, ова ОЈО да биде на исто ниво со обвинителството на Рускоска, а обвинителот да биде на предлог на најголемата опизициска партија во случајов ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај надлежностите што ќе ги има откако ќе ги преземе 10 помошници на Катица Јанева ќе биде придодадена и надлежноста за гонење на криминал на лица кои се избрани и именувани. Заштитна клаузула која што вели дека доколку власта не го прифати предлoгот за лице кое ќе го предводи ова обвинителство тогаш Советот на ЈО да избере обвинител од редовите на овие 10 што поминале од СЈО во новото обвинителство. Власта никогаш нема да биде мотивирана да го прифати предлогот на опозицијата. Практично понудата беше ново СЈО предводено од некое од обвинителите на Јанева – рече Мицкоски.

Тој објасни дека се согласиле за формирањето на ново обвинителство и за тоа кој ќе го води, не и за тоа кои предмети ќе ги води ова обвинителство.

-На Заев беше предлогот да се формира ново обвинителство кое ќе има надлежност за предметите на СЈО и истовремено да гони предмети од именува лица. Но кога прашавме, а кој ќе ја гони Јанева за „Рекет“, Заев рече дека тој предмет си останува таму каде што е. Ова значи дека новото обвинителство би се занимавало само со корупција на избрани и именувани високи функционери од власта, но само за нови предмети. Тоа значи дека „Глобал“, „Поткуп“, „Рекет“, а понатаму ќе има и рекет 2, 3, 4, нема да бидат гонети од страна на ова обвинителство. Ние со тоа не се согласуваме, и затоа преговорите пропаднаа – рече Мицкоски.

Тој рече дека не гледа никаква правна пречка предметите, но и истрагите и предистрагите од СЈО да се пренесат во Јавното обвинителство на Љубомир Јовески. Според Мицкоски, Заев се обидува да се искупи и да се обиде да го контролира Обвинителството и да ја заштити фамилијата од криминалот.

-Беше блед како крпа. Тој сака да го контролира Обвинителството за да не одговара за „Рекет“, рекет 2, рекет 3 рекет 4 и да не се стигне до Кирацовски и Ременски. Планот му беше да не се постигне договор – рече Мицкоски, но сепак остави отворен простор понатаму да се разговара на истата тема.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот