Мицкоски: Процентуално кај нас умираат повеќе луѓе од најцрните денови во Шпанија и Италија

Инфективна клиника Фото: Слободен печат / Драган

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на ТВ Клан истакна дека со денешната статистика во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и Италија оваа пролет, а властите кај нас прогласија победа над пандемијата уште во мај месец, а сега е полошо од ден на ден со четвороцифрени бројки за заразени.

-Наместо подготовки за втор бран ние имавме во јавноста изјави да не се грижат граѓаните, зашто подготвени ќе влеземе во вториот бран, па еве сега влеговме во вториот бран и денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија, тука нема етнички состав Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат, поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека денеска има 45,6% инфицирани лица од тестираните граѓани, и вели дека тоа е повеќе од најголемиот пик од Бергамо и во Шпанија кој што го гледавме во оној прв бран којшто се случуваше оваа пролет.

Овој денешен втор бран е последица на лошото мениаџирање во првиот бран иако „политикологот” Караџовски прогласи победа над пандемијата некаде чинам кај мај месец, сепак некаде чувството на граѓаните е дека ние никогаш не сме излегле од пандемијата, туку таа станува од ден на ден се полоша, за денеска да имаме и четвороцифрени бројки на заболени и сериозна бројка на граѓани кои го губат својот живот, критикуваше Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот