-2 C
Скопје

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет. Да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден, да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата. Тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот. Да ни е жива и вековита нашата Македонија, е една од пораките што денеска пред Владата на антивладиниот протест организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја упати претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски.

– До Зоран Заев и Владата, на памет да не ви паѓа да го начнете македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде тоа диво месо ќе биде хируршки прецизно отстрането, а потоа не само за криминалот и за велепредавствто ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш. До македонскиот народ, до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Египќаните, до сите сограѓани – Излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија, рече Мицкоски во говорот пред Владата.

Прочитајте и...  Во Берово во 2020 година се исплатени 260 илјади денари како поддршка за семејствата со новороденчиња

Тој на протестот упати пораки и до нашиот источен сосед и до меѓународната заедница.

– Ако мислите дека измисливте, пронајдовте и поддржавте квинслинг и квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете. Ниту тој квинслинг ниту оваа квилнслиншка влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов, затоа што тие се бореа за нова, современа македонска држава. Оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед, рече Мицкоски повикувајќи ги при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци од народно ослободителната борба, да, како што рече, клекнат и се извинат на македонскиот народ за тоа што му го направиле.

Прочитајте и...  Монтирана модуларната болница во Тетово, останува уредување на внатрешноста

До меѓународната заедница, тој упати порака да му се дозволи на нашиот народ да отпочне преговори со ЕУ, а народот, како што нагласи, ќе им врати со сето срце и знаење кое го има и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во ЕУ.

– Немојте да дозволите некои политичари од земја членка наместо политики на иднина, да шират политики од средниот век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да и помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство во обединета Европа и да зборуваме за квалитет на образование, истакна Мицкоски.

Прочитајте и...  Евроамбасадорот Гир во посета на Охрид на разговор за зачувување на статусот на УНЕСКО

Побара оставка од премиерот Зоран Заев и нагласи дека нема да престанат со протестите.

– Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашта историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, рече Мицкоски на протестот пред Владата.

Поврзани вести

Денеска се празнува светецот родум од Македонија – Свети Гаврил Лесновски

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Владата го задолжи МЗ: Започнете постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози на анти-ковид вакцина

Слободен печат

Остави Коментар