Мицкоски: Државниот јавен обвинител да ги преземе сите предмети до 30 јуни 2017 година

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Државниот јавен обвинител да ги преземе сите предмети од СЈО покренати на ниво на обвинение до 30 јуни 2017 година, а не обвинителот кој треба да раководи со новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју што вечерва беше емитувано на телевизија Сител.

– Државниот јавен обвинител да ги преземе во фаза во која што се – дали се во фаза на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред Апелација итн и согласно препораките на експертската јавност, тие процеси да ги распредели на обвинителствата таму каде што припаѓаат, рече Мицкоски.

Според него, со предложеното законско решение за јавно обвинителство е предвидено специјалниот јавен обвинител да се префрли во новото обвинителство.

– Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот „Рекет”, треба да бидат превземени во рамки на новото обвинителство за организиран криминал и корупција – вели Мицкоски.

Според него, обвинителите на СЈО не треба да се префрлат во новото Обвинителство, туку да се вратат во обвинителствата од кои што дошле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот