Мицкоски демантира: Камчев нема да ја финансира кампањата на ВМРО

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ДВ вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски.

На прашањето како ќе се финансираат за претстојните избори, Мицкоски вели:

– Заштедивме од годишното финансирање што го добивме од државата и тие пари ќе ги трошиме. Сите волонтираме во партијата, не земаме плата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговара и на прашањето кое неколку пати му е поставено од СДСМ, односно дали е точно дека од еден бизнисмен добиле средства за кампањата.

– Да бидеме искрени, мислеа на господинот Камчев. Тој излезе со демант еве и јас излегувам со демант. Многу е лошо кога човек влече реминисценции од сопственото однесување. Не разбираат дека има луѓе чесни во оваа држава. Не се сите Луј Витон и ресторан во Југоисточна Македонија со провизија од 5 до 10 отсто. Има чесни луѓе во оваа држава. Има луѓе кои што си ја сакаат татковината и работат за да биде како што треба. Немаме такво финансирање. Со микрофон во рака шетавме 16 метри кабел и платформа. Така ќе биде и на овие избори најверојатно- вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот