Мицотакис: Економијата и општеството нема повторно да се затворат

Кирјакос Мицотакис/ Фото: EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

Од моментот кога на располагање ја имаме вакцината, економијата и општеството нема повторно да се затворат, а нашите вакцинирани сограѓани нема да ги загубат правата што ги стекнаа, следејќи ги упатствата на научниците и државата, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, коментирајќи ги мерките што вчера беа соопштени, а се однесуваат на невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.

Уште еднаш упати апел до сите оние кои сè уште размислуваат околу вакцинацијата, уште утре да го сторат тоа, за како што рече, да се спречат дополнителни смртни случаи „што можевме да ги избегнеме доколку имавме уште повисоки нивоа на вакцинација”, но и за да се намали притисокот врз болниците.

Во петок, во Грција се отвора платфотмара за вакцинација со трета доза на целото полнолетно население, а Мицотакис ги повика и охрабри вакцинираните, доколку поминале шест месеци од втората, да примат и трета доза.

-Секако, многу е полесно да ги убедиме некои од нашите сограѓани кои веќе се вакцинирани да примат и бустер дозата, отколку да ги убедиме оние кои, за жал, сè уште вакцината ја гледаат со голем скептицизам, резервираност или во многу случаи дури и со апсолутно одбивање, рече грчкиот премиер.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот